Курти: Во рекорден рок е санираша шетата од експлозијата!
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека властите за рекордно време ја санирале штетата предизвикана од експлозијата на водотекот Ибар-Лепенац, пренесува Репортери.
Курти истакна дека секој предизвик може да се надмине со заеднички напори.
„Извонредна работа и висока подготвеност на нашите институции кои за рекордно време ги санираа штетите предизвикани во Ибар-Лепенац во голема мера. Заедно го надминуваме секој предизвик, а овој напад го покажа и силниот дух на соработка, придонес и посветеност на нашите институции“, рече тој.
Во селото Варага во Зубин Поток синоќа се случи силна експлозија која го оштети водотекот Ибар-Лепенац, од каде вода од езерото Газиводе се снабдува до повеќе места во Косово, како и Косовската енергетска корпорација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косово: Селекцијата на депортираните од САД ќе…
Привремената косовска влада објави дека изборот на…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…