Курти ги измешал лончињата: Или ќе ги апсел Србите или ќе ги врател назад во Србија
Припадниците на специјалната полиција нема да се повлечат од општинските згради на северот на Косово, изјави косовскиот премиер Албин Курти.
Тој додаде дека решението за кризата во северно Косово е или толпата да се врати во Србија или да заврши во косовските затвори.
Курти, кој пристигна во Братислава, иако ден претходно изјави дека го откажал учеството на форумот во Словачка, истакна дека додека разгневената толпа е на улиците и се заканува со напад, специјалните сили мора да бидат во општински згради.
„Нашата полиција работи многу професионална работа, тие се обучени од САД и ЕУ, тие се западно ориентирани и добро ги познаваат човековите права и нема никакви прекршувања од нашата полиција“, рече Курти.
Тој изјави дека се сретнал со Борел и Лајчак.
„Им кажав дека ќе имав разбирање ако ова беше мирен протест, но не и за толпа што пука и вика ‘Убиј, убиј. Нема да ја предадеме нашата република на оваа фашистичка толпа’“, рече Курти, пренесува „Косово онлајн“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…