Курти ги посети повредените од експлозијата во Косово
Косовскиот премиер Албин Курти доцна синоќа ги посети повредените во експлозијата на плинска боца во Клиничкиот центар во Приштина и им посака брзо закрепнување.
Како што наведе, за нешто повеќе од еден час лекарите и медицинските сестри во Клиничкиот центар спасиле 15 лица кои се повредени во експлозијата во Кичиќ, недалеку од Јужна Митровица.
Лекарите прават напори да избегнат ризик по животот на еден пациент.
Некои се полесно повредени, но има и со посериозни повреди, со изгореници од втор и трет степен. Му благодарам на медицинскиот персонал за брзата интервенција и напорите, а на повредените им посакувам брзо и целосно закрепнување“, напиша Курти на Фејсбук.
Тој наведе дека ова не е прв случај на експлозија на плинска боца и апелираше до граѓаните да внимаваат при купување и користење плински боци и тоа секогаш да го прават според строги правила, за да се заштитат.
Во меѓувреме, инспекциите и другите надлежни органи строго го контролираат почитувањето на соодветните стандарди за плинските боци на пазарот, додаде Курти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косово: Селекцијата на депортираните од САД ќе…
Привремената косовска влада објави дека изборот на…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…