Курти демантира: Не сум ветил визна либерализација, ниту членство во НАТО
Косовскиот премиер Албин Курти вели дека за визна либерализација за граѓаните на Косово и за зачленување на државата во НАТО никогаш не дал ветување, затоа што, како што рече, тоа не зависи од институциите кои тој ги води, јави дописникот на МИА од Приштина.
На денешната седница на Собранието на Косово, Курти рече дека досега ниту еднаш не спомнал рокови за укинување на Шенген-визите за косовските граѓани.
Тој потсети и дека идниот месец се навршуваат четири години откако Европската комисија по вторпат препорача укинување на визите, но тоа, според него, не се случило поради одбивањето на одредени членки на ЕУ.
– Имате примери од минатото – (ќе се укинат визите) за 15 месеци, годинава, догодина… – од мене никогаш не сте слушнале такво нешто, зашто јас знаев дека тоа не зависи од нас, рече Курти.
Според косовскиот премиер, ниту Брисел не е доследен на сопствените декларирани ставови.
– Има понекогаш изјави од Брисел кои не се ниту на линија со самиот Брисел. Ние трпеливо и посветено се трудиме да ги разјасниме тие, но повеќе од толку немаме што да правиме, изјави Курти.
Во однос на програмата на НАТО „Партнерство за мир”, Курти напомена дека Косово учествуваше на вежбата „Заштитник Европа 21″ („Defender Europe 21“) минатата година со 330 војници и беше меѓу 16-те земји домаќини, а ќе учествува и на „Defender Europe 23“.
– На меѓународен аспект ги исполнуваме сите барања и потреби како земја која продонесува за глобалниот мир. Тоа што јас го правам за одбраната на земјата и за војската на Косово е дека го зголемивме буџетот за 52 проценти, но во врска со тоа кога, каде и како ќе не примат (во НАТО) знаете дека тоа во значителна мерка не зависи од нас, рече Курти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…
Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…
Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…
Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…
ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…
Мисијата на Европската унија за владеење на…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…
Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…