Курти: Западот треба да се загрижи за договорот за соработка меѓу Русија и Србија

t

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека договорот за соработка што го потпиша српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ со неговиот руски колега Сергеј Лавров треба да ги алармира западните демократски престолнини, пишува Клан Косова.


Курти ова го изјави коментирајќи ја изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека има информации дека Курти барал артилерија со дострел поголем од 10 километри.

„Во однос на прашањето за одбраната и безбедноста на Косово, ние имаме министер за одбрана, имаме министер за внатрешни работи и сме демократска, прогресивна влада на надежта. Се соочуваме со нашите северни соседи предводени од претседател на страв и заплашување, кој освен што недемократски ја води државата и не го признава Косово и злосторствата на режимот на Милошевиќ на Косово, одржува многу блиски врски со Руската Федерација, како што видовме неодамна со договорот за соработка што српскиот министер за надворешни работи го потпиша со рускиот, што треба да ги алармира западните демократски престолнини“, рече Курти.

На маргините на 77. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ и шефот на дипломатијата на Русија, Сергеј Лавров, потпишаа План за консултации на министерствата за надворешни работи на Србија и Русија за 2023-2024 година. година.

И покрај честите изјави на премиерот на Косово за тоа колку неговата влада е демократска и прогресивна, претставниците на опозицијата во Косово не се согласуваат со ваквите оценки. Тие го критикуваат неговиот начин на менаџирање со кризите со кои се соочува косовското општество, особено економската и енергетската, а актуелната влада ја сметаат за неодговорна, неефикасна и најслаба што ја имало Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српскиот хеликоптер ја напушти Македонија, исфрлиле 248…

Припадниците на Хеликоптерската единица и Секторот за…

Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…

Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…

САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…

Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…

Се јави Медведев и тоа со закана,…

Русија треба да ја направи својата специјална…

Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…

Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…