Курти: Косово и Каталонија не се исти, очекувам Шанија да го промени ставот и да го признае Косово

t

Премиерот на Косово, Албин Курти, вели дека очекува Шпанија и шпанскиот премиер Педро Санчез да го променат ставот по прашањето за признавањето на Косово бидејќи случајот со Косово и Каталонија не се исти.

Курти ова го изјави во интервју за шпанскиот дневен весник Ел Паис, одговарајќи на изјавата на новинарот дека Санчез тврди дека едностраното прогласување на независноста на Косово го прекршува меѓународното право.

Курти изјави и дека во СФРЈ, Косово и Метохија се најсиромашниот и најексплоатиран дел од земјата, додека Каталонија и Баскија се најбогати во Шпанија. Како што оцени, односот на СФРЈ кон Косово бил од колонијален тип, како односот на Франција со Алжир. Курти оцени дека нема ништо што Мадрид и Барселона не можат да го решат со дијалог, бидејќи Шпанија е демократска земја, а Приштина и Белград имаат проблем затоа што „Србија е автократска држава“.

На прашањето за нападот на две српски момчиња во селото Готовуша кај Штрпце, кога локален Албанец пукал во нив додека носеле елка од возило во движење, Курти рече дека веднаш го осудил нападот и дека е добро што одговорното лице сега е во рацете на правдата. Тој додаде дека некои политичари од Српската листа се обидуваат да го политизираат инцидентот и да го претворат во прашање што ќе му даде на Белград поголема моќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанците на Косово го погребаа Фатон Хајризи…

Албанецот од Косово Фатон Хајризи кој уби…

Шпанската полиција заплени кокаин поврзан со балканскиот…

Нуркачи од шпанската цивилна гарда и членови…

Н1: ПУКАЊЕ на границата меѓу Србија и…

Во петокот рано наутро дошло до пукање…

Србија ги прати во Косово посмртните останки…

Автомобилот со посмртните останки на Фатон Хајризи,…

Пуџдемон се врати во Шпанија

Карлес Пуџдемон, поранешниот лидер на шпанскиот североисточнен…