Курти: Косовските безбедносни сили се наследници на ОВК
Косовските власти денеска го слават денот на Косовските безбедносни сили, поради што во градовите во Косово ќе бидат отворени касарни, каде посетителите ќе можат да ја обиколат касарната и да се запознаат со припадниците на КБС.
По тој повод, премиерот на Косово, Албин Курти, уште еднаш ја искористи можноста да каже дека Косовските безбедносни сили се наследници на Ослободителната војска на Косово.
„Јасно ни е дека КБС е наследник на ОВК и утре имаме 28 ноември (Денот на албанското знаме), кој го славиме во спомен на тројството – црвеното знаме со двоглавиот орел на Скендербег во Круја. Исмаил Кемали во Вљора и Адем Јашари во Преказ“, истакна Курти, велејќи дека овој ден за него е ден на радост кога сите треба да се сеќаваат на оние кои се жртвувале за Косово.
Во текот на денешниот ден граѓаните ќе можат да ги посетат сите касарни – во јужниот дел на Косовска Митровица, Гњилане, Призрен, Урошевац, Косово Поље, Исток и Приштина.
И претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека денеска е ден на гордоста и дека е пролеана многу крв за Косово да добие војска.
„Денес е ден на КБС и е ден на гордоста за секој граѓанин на Република Косово. Тоа е ден кога со голема гордост се сеќаваме на исклучително големата жртва на нашиот народ, нашата Ослободителна армија. Се пролеа многу крв за Косово да има своја војска, затоа сум убеден дека секој војник со голема гордост ја носи оваа униформа и е подготвен да го даде животот за својата татковина, доколку има потреба“, рече Османи за време на обиколката на касарната во Приштина.
Косовските безбедносни сили беа создадени по трансформацијата на Косовскиот заштитен корпус, кој беше формиран на 21 јануари 2009 година, а нивната улога беше да ги штитат граѓаните, да бараат и спасуваат луѓе поради природни катастрофи, поплави и отстранување на експлозивни направи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…
МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…
По 100 евра за косовските пензионери и…
Косовската влада додели по 100 евра како…
ФБИ ќе го истражува терористичкиот напад на…
Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави…
Турска компанија ќе гради фабрика за дронови…
Властите во Приштина веќе избрале кој ќе…
КФОР спроведе вежба за спроведување на одбранбениот…
Баталјонот на Западната регионална команда на мисијата…