Објавено на:

Курти: Можеме да ја повлечеме полицијата, ако бандитите се вратат во Србија или одат во затвор

t

Косовскиот премиер Албин Курти денеска повтори дека општинските згради на северот на Косово се местата каде што треба да работат градоначалниците, јавуваат медиумите.

Курти во утринската програма на „Би-би-си“ зборуваше за ситуацијата на северот на Косово и запрашал кој треба да биде во тие објекти, ако не избраните градоначалници.

„Градоначалниците се во своите канцеларии и така треба да остане“, рече Курти.

За барањата на САД и ЕУ за повлекување на косовската полиција од општинските згради, премиерит вели таа точка може да се преиспита.

„Можеме да размислиме за отстранување на косовската полиција од овие згради, но прво насилните криминални банди кои нападнаа и повредија новинари, наши полицајци и војници на НАТО мора да се вратат во Србија или да одат во затвор“, рече Курти.

Тој додаде дека „не може да прави компромиси кога станува збор за демократско Косово“.

„Не можам да правам компромисо во однос на демократската република, бидејќи јас сум премиер на најдемократската земја на Западен Балкан, со најпрофесионална полиција, која е ориентирана кон Запад“, вели Курти.

Запрашан за можноста за одржување на вонредни избори, Курти рекол дека е подготвен да ги слушне предлозите за ново гласање, но само откако ќе се воспостави владеење на правото на северот на Косово.

За ситуацијата на северот и острите изјави од САД и ЕУ, Курти посочил дека Вашингтон и Брисел се несомнени сојузници на Косово.

„Сметаме дека САД, ЕУ, Велика Британија се неспорни сојузници и пријатели и сме им многу благодарни за нашата слобода и независност и за развојот на демократијата. Сепак, не можеме да ја предадеме нашата република на фашистичката полиција платена од изјавил автократот во Белград, кој некогаш бил министер на Милошевиќ“, навел Курти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…