Објавено на:

Курти му одговори на Борел: Дезинформациите се опасни и неприфатливи

t

Косовскиот премиер Албин Курти преку статус на својата социјална мрежа на Твитер реагираше на изјавите на високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Жозеп Борел, кој изрази голема вознемиреностза безбедносната ситуација на северот на Косово, особено по апсењето на Србин од страна на косовската полиција и влезот на војниците на Косовските безбедносни сили во Митровица, во петокот.

Курти најпрвин напиша дека мисијата на НАТО во Косово, КФОР, е целосно информирана за маршот на Косовските безбедносни сили во Јужна Митровица, за што Борел изрази загриженост.

„Денешните вежби на 3. полк на КБС во Јужна Митровица се рутински активности, планирани секоја година, за кои КФОР беше целосно информиран. Дезинформациите се опасни и неприфатливи“, напиша Курти на Твитер.

Шефот на извршната власт го разјасни и прашањето за апсењето на Србите на северот, за што Борел рече дека се чувствува особено загрижен поради фактот што Србите се апсат од косовските институции без претходна судска постапка.

„Врз основа на многу докази и во согласност со Законот за кривична постапка и правата од соодветната постапка, полицијата уапси едно лице во Северна Митровица за нападот врз војниците на КФОР во Звечан на 29 мај. Како премиер на една демократска држава, немам вмешаност во истрагите и апсењата“.

По појаснувањата, Курти нагласи дека во оваа фаза ширењето на паника и лажни тврдења само ги ескалира тензиите и им помага на оние кои сакаат да ги разгорат.

„Повик до сите: ве молиме потврдете ги вашите извори и почекајте официјални информации од косовските институции пред да одлучите јавно да се вклучите во емитување вести или да предвидувате настани.

„Многу вознемирен од ситуацијата во северно Косово: вонсудски апсења на косовските Срби и косовските безбедносни сили кои маршираа во Јужна Митровица; проследено со тешка реторика од Србија. И покрај вчерашната кризна средба, ескалацијата продолжува и станува опасна. Нема да го толерираме“, напиша Борел на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…

Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…

ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…

Мисијата на Европската унија за владеење на…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…

Рација на косовската полиција во филијалите на…

Косовската полиција изврши рација во филијалите на…