Објавено на:

Курти: Одличен ден за Косово, чекор поблиску сме до полноправно членство во Советот на Европа

t

Одличен ден за Косово по гласањето на Парламентарното собрание на Советот на Европа да ја прифати нашата апликација за членство во Советот на Европа, објави на социјална мрежа косовскиот премиер Албин Курти.

„Ова е официјална поддршка за успехот на нашата земја кога се во прашање човековите права, демократијата и владеењето на правото и уште еден чекор поблиску до полноправно членство во Советот на Европа“, рече Курти.

Претседателката на Косово, Османи, рече дека во дебатата се слушнал гласот на Европејците и оти Косово има само уште еден чекор до полноправно членство.

-Благодарност до секој член на ПССЕ кој гласаше за членството на Косово во СЕ. Голема благодарност до нашата делегација и сите кои континуирано го поддржуваат народот на Косово, напиша Османи на Х.

Пратениците на Парламентарното собрание на Советот на Европа вечерва со двотретинско мнозинство го усвоија извештајот на Дора Бакојани, со што му препорачаа на Комитетот на министри на Советот на Европа да ја прифати апликацијата на Косово за членство во таа организација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се гради најголемата пловна населба во Европа!

Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…