Курти повторно за „незавршениот проект на Призренската лига“: Обединувањето на Албанците е нашата главна цел
Косовскиот премиер Албин Курти на денешната седница на Генералниот совет на движењето „Самоопределување“ повторно зборуваше за „незавршениот проект на Призренската лига“, повикувајќи на национално единство на Албанците, повикувајќи ги членовите на неговата партија “да не заборават за важноста на историјата и единството, кои се неопходни за да се оди силно напред“, известува Репортерс.
„Вчера, драги активисти, беа 145 години од Призренската лига, кога нашите активисти ги вратија паролите „Лигата е жива“ и „Ние сме едно“. Да не заборавиме на важноста на историјата и единството бидејќи сите сакаме да се движиме напред силно“, рече Курти.
Тој наведува дека „обединувањето е главна цел“.
„Нашата цел е одредена од незавршениот проект на Призренската лига, а нашиот компас е политичка мисла која оди од Сами Фрашери до Фан Ноли, сестрите Чиријази и сè до Укшин Хоти“, рече Курти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косовската опозиција: Курти е во мисија да…
Шефот на пратеничката група на најголемата опозициска…
Курти: Се подготвуваме да аплицираме за членство…
Албин Курти изјави дека по аплицирањето за…
Курти во САД побара американскиот камп Бондстил…
Курти во САД побара американскиот камп Бондстил…
Курти: Србија не сака договор со Косово,…
Косовскиот премиер Албин Курти вели дека Србија…