Објавено на:

Курти: Прашајте го Ескобар на кого мислеше кога кажа дека може да има регионален конфликт

t

Косовскиот премиер Албин Курти, во врска со изјавите на американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, дека постои потенцијал за „регионален конфликт“, рече дека треба да се праша за кого друг мисли освен Косово и Србија.кога ја дал таа изјава, пренесува Коха.


-„Знам многу работи, но не толку. Ќе треба да го прашате емисарот Ескобар кога зборуваше за регионалниот конфликт, освен за Косово и Србија, на кои земји мислеше. Не верувам дека мислеше на Црна Гора или Македонија. Премиерот Рама му се закани на Белград, можеби. Но за тоа треба да го прашате емисарот Ескобар“, рече Курти на прес-конференцијата.

Курти додаде дека ниту еден дипломат не треба да се сомнева кого да поддржи во врска со ситуацијата на северот на Косово.

„На северот на Косово ги имаме КФОР, ЕУЛЕКС и пред се косовската полиција, која го спроведува законот и редот, а таму ги имаме и нелегалните структури на Србија. Тоа е конфликт меѓу демократската република и илегалните структури на автократска држава“, рече Курти.

Тој додаде дека косовската полиција добро си ја врши работата.

„Многу полицајци нема да бидат ни приближно ефективни како нашата полиција. Насилството од бандите е израз на паника. Тие веруваа дека Косово никогаш нема да има полиција која ќе се справи со нив, која веќе ги уапсила и ги држела во затвор. Насилното однесување доаѓа од паника.Немам информации дека владеењето на правото на северот на Косово ќе ни донесе регионален конфликт, рече Курти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…

Рација на косовската полиција во филијалите на…

Косовската полиција изврши рација во филијалите на…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…

Фејсбук „војна“ меѓу Пацоли и советникот на…

Пацоли во саботата рече дека шефот на…