Курти: Проблемите на Балканот доаѓаат од Белград и тесните врски со Русија
Балканскиот регион е загрозен единствено од Белград, „а сега и од неговите тесни врски … со Руската Федерација и нејзината неоправдана, незаконита и неиспровоцирана агресија врз Украина“, изјави косовскиот премиер Албин Курти по неговите средби со официјалните лица за време на престојот во Соединетите Американски Држави.
Во краткото обраќање пред новинарите по 20-дневниот престој во САД и подоцнешното учество на Економскиот форум во Давос, Швајцарија, косовскиот премиер рече дека неговите средби со американски бизнисмени и официјални лица биле во функција на привлекување инвестиции во Косово и на безбедноста на државата.
Тој информира дека во САД побарал поддршка за зачленување на неговата држава во Советот на Европа, како и во програмата „Партнерство за мир“, како „прв и мошне значаен чекор за зачленување во НАТО“.
Во врска со косовско-српскиот дијалог за нормализирање на односите меѓу двете држави, Курти рече дека, за да се постигне напредок во тој правец потребно е „Белград да се промени“ за да се дојде до конечно решение со меѓуебно признавање на двете држави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косовската опозиција: Курти е во мисија да…
Шефот на пратеничката група на најголемата опозициска…
Курти: Се подготвуваме да аплицираме за членство…
Албин Курти изјави дека по аплицирањето за…
Курти во САД побара американскиот камп Бондстил…
Курти во САД побара американскиот камп Бондстил…
Курти: Србија не сака договор со Косово,…
Косовскиот премиер Албин Курти вели дека Србија…