Објавено на:

Курти: Се залагам за правата на сите во Косово без разлика на етничката и верската припадност

t

Косовскиот премиер Албин Курти во денешната изјава за медиуми по завршувањето на разговорите во Охрид најпрво им се заблагодари на премиерот Ковачевски и претседателот Пендаровски за гостопримството.

– Дојдовме во Охрид да потпишеме договор за имплементација. ЕУ треба да најде начин да го направи овој договор правно релевантен, се надевам тој ќе биде објавен јавно и сите ќе можат да го прочитаат, вели Курти.

Во одговор на прашањето дали ќе се заложи Србите кои поради репресија си заминале од Косово Курти одговори:

– Јас се залагам за правата на сите на Косово и тие кои се тука и тие кои си заминале, се залагам секој да се врати во својата приватна сопственост. Многу од нив ги продале земјиштата но има и такви кои имаат лична сопственост на Косово и јас се залагам за правата на сите тие луѓе без разлика на националната или етничката припадност, вели Курти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…