Курти се пофали: За три години ги удвоивме странските инвестиции во Косовo

t

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека неговата цел е да привлече директни странски инвестиции за да донесе квалитетно вработување и висока вредност, додавајќи дека инвестициите во изминатите три години, од кога е тој на власт, се видно зголемени, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешниот прв состанок на Националниот совет за економија и инвестиции, Курти рече дека во последните три години странските директни инвестиции се удвоени, а исто така и извозот.

„Имаме намера да привлечеме странски директни инвестиции кои носат висока вредност и квалитетно вработување на нашите граѓани. Во овој поглед, нашата Влада изгради добра основа за понатамошни подобрувања. Само во последните три години странските директни инвестиции се удвоени, но и извозот“, рече Курти.

Според соопштението од неговиот кабинет, косовскиот премиер изјавил дека односот меѓу извозот и увозот е зголемен од речиси 1 спрема 9 колку што бил претходно, на дури и подобро од 1 спрема 6.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…

Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…