Објавено на:

Курти: Скендербег останува национален херој на Албанците за сите времиња

t

По повод 620-годишнината од раѓањето на Скендербег, вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти изјави дека Скендербег засекогаш ќе остане национален херој на Албанците.

„Со благородничко потекло, од семејството Кастриоти, Скендербег стана една од најпознатите воени и политички личности во Европа во доцниот среден век. Четврт век го предводеше востанието и отпорот на Албанците против Отоманската империја, поставувајќи пример за борба за слобода, татковина и политичко единство“, напиша Курти на Фејсбук.

Тој додаде дека името на Скендербег станало синоним за воена стратегија, политички идеали, храброст во акција и непоколебливост во отпорот низ вековите. Тој изјави дека Скендербег е Албанецот за кого најмногу се пишувало во историјата.

„Тој беше една од историските личности за кои се напишани најмногу книги. Во историјата на формирањето на албанскиот народ, ликот на Скендербег е еден од столбовите на кои се темели и почива албанскиот идентитет. Тој беше херој за време на својот живот и ќе остане национален херој на Албанците за сите времиња. Нека Скендербег биде славно запаметен и почитуван низ генерациите“, рече Курти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курти: Скендербег останува национален херој на Албанците…

По повод 620-годишнината од раѓањето на Скендербег,…

Рама: Цела Европа ќе дојде во Тирана…

Албанскиот премиер Еди Рама нагласи дека земјата…

Косовската опозиција: Курти е во мисија да…

Шефот на пратеничката група на најголемата опозициска…

Се запали автомобил пред плоштадот „Скендербег”

На влезот пред Старата скопска чаршија, кај…

Историска балканска каша: Бугарите го направија Бугарин,…

Српска група на Телеграм вели дека Скендербег…