Курти: Србија секогаш ќе претставува закана за безбедноста на Косово

t

Премиерот на Косово, Албин Курти за време на неговиот дводневен престој во Швајцарија беше поканет на обраќање и дискусија на Швајцарското друштво за надворешна политика и во таа прилика изјави дека Србија секогаш ќе претставува закана за безбедноста не само на Косово, туку и исто така и Црна Гора и Босна и Херцеговина, пренесува Репортерс.
Како што соопштија од кабинетот на косовскиот премиер, Курти се осврнал и на односите со Србија и на процесот на дијалог.

Тој зборуваше за одбивањето на Србија да го потпише договорениот рамковен договор и анексот за негова имплементација и укажа на постојаните прекршувања од Србија кои, како што рече, кулминирале со писмото на поранешната српска премиерка Ана Брнабиќ до Европската унија.

„Во тоа писмо се наведува дека Србија нема да го почитува територијалниот интегритет на Косово, што практично значи повлекување од Основниот договор и неговите основни принципи. Се додека српската авторитарна елита продолжува да пропагира дезинформации, да мобилизира војници долж нашата граница и да одбие да ги процесира терористите кои пред една година го убија нашиот полициски наредник во Бањска, Србија секогаш ќе претставуваат голем ризик за безбедноста не само на Косово, туку и на другите соседни земји кои стојат на патот на проектот „голема Србија“, кој сега го нарекуваат „српскиот свет“, поточно Црна Гора и Босна и Херцеговина“, изјави Курти.

Тој понатаму рече дека Пекинг и Москва го прошириле своето влијание во регионот.

„Русија и Кина го проширија своето влијание во регионот, и економски и политички. Русија ги користи историските и културните врски за да ја потврди својата моќ, повикувајќи се на длабоката духовност на српскиот народ, кој е тесно поврзан со Руската православна црква, додека Кина користи инвестиции и заеми за да го зајакне своето влијание. Овие влијанија го дестабилизираат регионот и создаваат силна бариера против демократскиот напредок“.

Тој рече дека е од суштинско значење Косово и целиот Западен Балкан да останат закотвени во европската заедница на вредности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курти: Србија секогаш ќе претставува закана за…

Премиерот на Косово, Албин Курти за време…

Ден на жалост во цела Србија

Во цела Србија денеска е Ден на…

Во Србија протест на вработените во образованието

Вработените во образованието во Србија собрани на…

Земјотрес и во Србија

Земјотрес со јачина од 2,3 степени според…

Портпаролот на Стејт департментот: Косово и Србија…

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер рече…