Курти тврди дека Србија провоцира на граница, објави фотографии од движењето на војниците

t

Косовскиот премиер Албин Курти објави фотографии за кои тврди дека ги претставуваат движењата на војниците на српската армија со цел да предизвикаат провокации на границата со Косово.

Заедно со фотографиите на војниците, косовскиот премиер ја соопшти точната локација на трансферот и рече дека Србија ги доближила војниците на 50 метри до граничната линија со Косово, поточно на територијата на општина Каменица.

„Надлежните безбедносни служби на Република Косово веднаш ги забележаа овие провокативни потези на српската војска, кои имаат за цел да поттикнат тензии. Кога видоа дека ги забележавме и ги снимивме, брзо побегнаа назад на нивната територија“, рече Курти.

Тој, исто така, рече дека Косово досега инвестирало значителни средства за подобрување на безбедносните и одбранбените структури.

„Синергијата меѓу безбедносните и одбранбените структури како и соработката со регионалните и меѓународните сојузници е гаранција за безбедноста на Косово“, рече косовскиот премиер.

На крајот, тој истакна дека Косово останува цврсто на својот пат кон евроатлантските интеграции.

„Во меѓувреме, Србија продолжува да поттикнува тензии преку хибридни акции насочени кон дестабилизација на регионот, иако просторот за овие маневри се стеснува од ден на ден“, заклучи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курти тврди дека Србија провоцира на граница,…

Косовскиот премиер Албин Курти објави фотографии за…

Носителите на српски пасоши од Косово од…

Носителите на српски пасоши од Косово издадени…

Вјоса Османи: Косово е солидарно со Украина,…

Косовската претседателка Вјоса Османи на Самитот на…

Словенечката претседателка: Косово со најслаба перспектива за…

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар изјави во…

Вучиќ: „Не постои Република Косово“

„Република Косово не постои, ниту според јавното…