Курти: Француско-германскиот предлог де факто значи признавање на Косово
Косовскиот премиер Албин Курти, говорејќи за француско-германскиот предлог на седницата на Собранието на Косово, рече дека нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово е де факто признавање со тој предлог, пренесува Репортерс.
„Такво нешто е јасно напишано во текстот на договорот, но тоа го ветија и земјите кои го предложија договорот, како и самата Европска унија“, рече тој.
Курти оцени дека дијалогот оди во добра насока и дека Србија нема да може да се спротивстави на членството на Косово во меѓународните организации.
Пратеничката Аријана Муслиу Шоша на прашањето зошто има промена на ставот на САД од барањето Србија отворено да го признае Косово до де факто признавање, Курти одговори дека американскиот амбасадор Џеф Ховениер може да зборува за официјалните позиции на САД.
„САД изнесуваат свои ставови и планови, имаат свој амбасадор во Косово Џеф Ховениер. Би било арогантно да одговарам наместо нив. Вистина е дека „Самоопределување“ пред две години освои 438.000 гласови, но тоа не е доволно за да ги искажам ставовите во име на другите земји, а уште помалку ставовите на САД“, рече Курти.
Косовскиот премиер додаде дека склучувањето на договорот со Србија зависи од преговарачкиот процес, но како што нагласи, меѓусебното признавање треба да биде во центарот на преговорите.
„Договорот со Србија зависи од преговарачкиот процес и мора да го вклучи взаемното признавање како главна тема, за да биде конечен договор за целосна нормализација“, рече Курти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…
Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…
Протест на Србите во Северна Митровица: За…
Србите од северот на Косово денеска се…
Има само шест години: Малиот Никола од…
Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…