Објавено на:

Курти ја обвини Србија дека се мешала во изборите на 9ти февруари

t

Косовскиот премиер Албин Курти ја обвини Србија за директно мешање во изборниот процес на 9 февруари. Според Курти, интервенцијата ја извршиле седум српски државни актери или инстанци, а прв, според него, е српскиот претседател Александар Вучиќ и Милан Радојчиќ. Се вели дека влијанието се почувствувало и кај другите немнозински заедници, покрај српската. Курти рече дека интервенцијата била спроведена во три фази: пред и по изборната кампања и за време на изборниот ден.

„Во оваа интервенција идентификувавме седум српски државни инстанци или актери. Првиот е претседателот на Србија, вториот е главниот терорист Милан Радојчиќ, потоа директорот на таканаречената Канцеларија за Косово во Владата на Србија, Петар Петковиќ, Српската разузнавачка агенција (БИА), Српските медиуми контролирани од владата во Белград, Српската листа и нелегалните структури, вклучително и Поштенската банка, социјалните центри, пензиските канцеларии, Телеком Србија и поранешните припадници на косовската полиција“, рече Албин Курти, премиер на Косово.

Курти истакна дека, за разлика од минатите избори каде што имаше физичко насилство, вклучително и тепање и убиства, Србија овој пат употреби пософистицирани методи на интервенција.

„Првиот метод е финансиско примамување, преку финансиска поддршка од 20.000 динари или околу 170 евра месечно за сите полнолетни лица кои се невработени. Втората е финансиската условеност, преку ризикот од губење на финансиските придобивки, вклучувајќи плати, пензии, детски додаток, социјална помош и други. Третата е поделбата на ривалите на Српската листа„, додаде Албин Курти, премиер на Косово.

Ненат Рашиќ, српскиот министер во Владата на Косово, на заедничката конференција со Курти ја обвини српската влада дека ги искористува косовските Срби за свои лични интереси. Српската листа ги отфрли обвинувањата на премиерот Курти дека српската држава се мешала во изборите на 9 февруари во Косово помагајќи и на оваа партија. Инаку, премиерот Курти истакна дека Косово повеќе нема да дозволи изборите да бидат манипулирани од Белград и дека институциите во земјата ќе продолжат да работат за да гарантираат слободни и демократски избори за сите граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Костадинов до ДПМНЕ: ВМРО не е ваша…

Не е проблем што ВМРО-ДПМНЕ не разбираат…

Се намалува инфлацијата во Еврозоната

Годишната стапка на инфлација во еврозоната изнесуваше…

Трамп му постави „последен ултиматум“ на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека вчера…

Грција во иднина би можела да се…

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска навести дека…

(Документи) Кој ја направи саботажата во РЕК…

Плаќаат 150 МИЛИОНИ денари за технолошко чистење…