Курти ја поздрави одлуката на НАТО да го зголеми бројот на војници во Косово
Косовскиот премиер Албин Курти ја поздрави одлуката на НАТО да го зголеми бројот на свои војници во Косово, пишува Радио Слободна Европа на албански јазик.
Како што изјави Курти, нападот на косовската полиција на 24 септември ги илустрира напорите на Србија да го дестабилизира Косово, со помош на нејзиниот сојузник Русија.
„Овие луѓе сакаат да се вратат во времето. Тие бараат временска машина. Тие сакаат да се вратат 30 години наназад. Но, тоа нема да се случи“, изјави Курти за Асошиетед прес.
НАТО, кој има своја мировна мисија на Косово, КФОР, во петокот соопшти дека ќе ги зголеми своите сили на Косово.
„Ни треба НАТО бидејќи границата со Србија е многу долга, а српската армија неодамна ги зајакнува своите капацитети и има многу воена опрема, како од Руската Федерација, така и од Кина“, рече Курти.
Се уште не е јасно колку нови војници НАТО ќе испрати на Косово.
Околу 700 војници беа распоредени од Турција во јуни, откако десетици припадници на КФОР беа повредени за време на судирите со група српски демонстранти на северот на Косово, пишува РСЕ.
КФОР во моментов има околу 4.500 војници во Косово од 27 земји на НАТО и земји партнери.
Таа мисија на почетокот на неделава соопшти дека ја следи безбедносната ситуација и дека ќе интервенира доколку тоа биде побарано.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…