Курти ќе биде уапсен ако се меша во изборите во Македонија, смета косовски аналитичар
Косовскиот аналитичар Јетон Хаљими смета дека албанскиот премиер Еди Рама му простил на косовскиот премиер Албин Курти за мешањето во изборите во Албанија, но, според него, тоа нема да се случи во Македонија, пишува „Euronews Albania“.
Хаљими тврди дека доколку Курти учествува на изборите во Македонија, ќе биде уапсен.
– Курти излезе на изборите во Албанија, но заврши неуспешно. Рама му прости на некој начин. Курти минатиот пат беше во Македонија, но од институциите доби јасна порака дека доколку повторно оди таму, може да биде уапсен од органите на прогонот, рекол аналитичарот.
Хаљими смета дека не е време Курти да создава раздор во регионот.
-Ниту едно движење не треба да биде „султан“ во земјите каде што има Албанци. Мислам дека овие постапки не се добри ниту за Косово, ниту за државата во која живеат Албанци. Единствената партија која ги застапува Албанците во Македонија е партијата на Ахмети. Да не беше Ахмети, народот во Македонија немаше да ги има добрите работи што ги има сега во Македонија, смета аналитичарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косово: Селекцијата на депортираните од САД ќе…
Привремената косовска влада објави дека изборот на…
СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…
СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…