Курти ќе се сретне со “големата петорка” дипломати
Косовскиот премиер Албин Курти не знае какво ќе биде барањето, ниту пак каква ќе биде понудата на петтемина врвни дипломати кои во сабота се во посета на земјата, предводени од посредникот на Европската унија, Мирослав Лајчак, заедно со Американецот Габриел Ескобар и советниците Емануел Боне, Јенс Плотнер и Франческо Тало.
Ќе разбереме што ќе понудат и што ќе бараат утре“, изјави Курти.
„Можам да кажам дека не можеме да имаме нормализација без безбедност и безбедноста на Косово мора да биде приоритет за државните институции и за луѓето и општеството. За ова работиме дење и ноќе со се што можеме“, рече премиерот.
Според Курти, сè пропаѓа поради безбедносниот аспект создаден од српската држава.
„Во декември минатата година 3 недели имавме 16 барикади на Север, на 26 септември загина полицискиот наредник, херојот на Косово, Африм Буњаку. Од витално значење, за Косово и демократијата, а можеби и за балканскиот регион воопшто, е конечно да го сторат тоа оние кои не знаат или разбрале која е Србија или официјален Белград“.
Курти повтори дека „ Косово не треба да има казнени мерки, туку Србија треба да добие санкции“.
За договорот постигнат во Брисел и засилен во Охрид со Анексот, Курти рече дека Косово и Србија го имаат, но дека сепак „заради безбедноста не е спроведен“.
„Ние секогаш сме биле конструктивни, посветени, креативни и нема апсолутно никаква вина или одговорност на наша страна зошто Косово и Србија немаат нормални односи“, рече тој.
Курти го пофали самиот договор.
Тој рече дека „тоа е фокусирано на дефакто, меѓусебно признавање и штом тоа се спроведе, ќе имаме не само нормализација, туку и безбедност“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…
Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…
Рација на косовската полиција во филијалите на…
Косовската полиција изврши рација во филијалите на…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…
Фејсбук „војна“ меѓу Пацоли и советникот на…
Пацоли во саботата рече дека шефот на…