Куче застрела ловџија, згазнало на пушката

t

Ловџија од американската држава Канзас бил пронајден мртов во својот автомобил во саботата, а локалните шерифи утврдиле дека тој умрел кога неговото куче случајно згазнало на чкрапалото на пушката.

Неименуваниот маж од градот Вичита бил пронајден во близина на населбата Геуда Спрингс. Властите соопштија дека тој починал околу 9:40 часот изутрина.

„Кучето на сопственикот на камионот ја згазнало пушката и случајно го застрелало човекот. Куршумот ја погодил жртвата, која поради повредите починала на самото место“, соопштиле од канцеларијата на шерифот, како што пренесува „Њујорк пост“.

Полицијата не го објави името на несреќниот ловџија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетник каснат од куче скитник во училишен…

На 10.02.2025 во 10:20 во Полициската станица…

Почина кученцето кое беше крвнички претепано со…

Почина кучето Феликс кое кон крајот на…

Кривична пријава за 83-годишниот стружанец кој со…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(83)…

41-годишен маж од Гостивар пукал кон куче

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…

Избегната трагедија во Кавадарци – куче нападнало…

Вчераутро во Кавадарци е избегната голема трагедија,…