Куче херој: И со повредени шепи бара жртви од земјотресот

Копук, кучето за потрага и спасување, продолжува да бара жртви од земјотресот во Турција под урнатините и покрај тоа што неговите шепи беа повредени при претходните претреси, јавува Анадолија.
Копак за вакви случаи бил трениран од екипи од Ван, а при пребарувањето на урнатините по земјотресот си ги пресекол шепите на скршено стакло.
„Штом стигнавме, нашето куче Копук пребара и одговори на пет лица. Направивме акција за пребарување и спасување во оваа област и пет лица беа спасени“, изјави Дерсим Булут, кој работи со Копук.
За жал, Копук си ги повредил шепите, а му помогнал и ветеринарот кој бил на лице место.
„Откако добивме одобрение дека кучето може да работи, брзо бевме префрлени на локација на друга зграда. Таму, тој одигра витална улога во спасувањето на 55-годишниот човек по име Ерол“, додаде Булут.
На Копук му се преврзани три шепи, но тоа не го спречува да ги пребарува урнатините.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турската полиција употреби водени топови против студентите…
Студентите утрово се собраа во близина на…
Турската полиција приведе 55 лица во Истанбул…
Вкупно 55 лица се уапсени денеска во…
Имамоглу ќе се кандидира за претседател на…
Опозицискиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој…
Турскиот суд му одреди притвор на градоначалникот…
Турскиот суд нареди градоначалникот на Истанбул Екрем…
„Сакаме правда“: Протести во Турција по апсењето…
И покрај забраната за собири и протести,…