Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Куќниот притвор за Груби е потврда дека…
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда…
Груевски: ВИСТИНАТА Е КАКО ШИЛО!!! ЌЕ БОДИ,…
ВИСТИНАТА Е КАКО ШИЛО!!! ЌЕ БОДИ, ЌЕ…
СДСМ: Селективни камери и договорено враќање на…
Во соопштение партијата тврди дека враќање на…
(Видео) Фатен уште еден камион полн со…
До редакцијата на Инфомакс пристигна видео од…
Официјално! Артан Груби оди во домашен притвор
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен…