КФОР внимателно ја следи ситуацијата на Косово: Имаме капацитет да обезбедиме мир

t

Внимателно ја следиме ситуацијата на северот на Косово. КФОР има способност и персонал да обезбеди безбедна средина и слобода на движење за сите заедници врз основа на резолуцијата 1244 од 1999 година, се вели во соопштението потпишано од командантот на КФОР, генерал-мајор Ангело Микела Ристуќа.


Како што понатаму истакнува, „од октомври го зголемуваме нашето присуство, вклучително и дополнителни војници и патроли на северот на Косово оваа недела. Очекуваме сите актери тесно да соработуваат со КФОР и да се воздржат од провокативни демонстрации на сила, со цел да обезбеди безбедност и сигурност на сите заедници“.

„Ги повикуваме сите страни да се ангажираат за да се овозможи безбедност и слобода на движење на Косово. Кфор ќе продолжи да го исполнува мандатот на ОН за сите заедници во Косово. Решенија треба да се бараат преку дијалог“, изјави на крајот генералот Ристуќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…

Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…

Протест на Србите во Северна Митровица: За…

Србите од северот на Косово денеска се…

Има само шест години: Малиот Никола од…

Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Нови протести против ископувањето на литиум во…

Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…