КФОР го предупреди Косово за купувањето на Бајрактари!
Мировните сили на Косово предводени од НАТО (КФОР) вчера ја предупредија Приштина по купувањето на турски вооружени беспилотни летала, потсетувајќи ја дека единствено тие се одговорни за нејзиниот воздушен простор.
Оваа изјава на КФОР доаѓа еден ден по веста за набавка на турски беспилотни летала „ТБ-2 Бајрактар“ што ја објави премиерот Албин Курти.
Кога станува збор за употреба на сите видови беспилотни летала и соодветните ограничувања, дури и во врска со ’ТБ-2 Бајрактар’, командантот на КФОР ја има главната одговорност за воздушниот простор над Косово, се наведува во соопштението.
Курти во неделата на социјалните мрежи објави фотографии на кои стои покрај новите дронови.
Во нашиот воен арсенал додадовме беспилотни летала ’TB-2 Baјрактар’ што ги купивме од Турција, задоволно рече Албин Курти, додавајќи: „Косово сега е побезбедно и исто толку гордо!“
Многу се пишуваше за дроновите „ТБ-2 Бајрактар“ минатата година поради нивната улога во првите фази на одбраната на Украина од руската инвазија, а беа купени од десетина армии, соопшти Меѓународниот институт за стратешки студии ( IISS).
Косовската влада сака да ги реорганизира лесно вооружените Косовски безбедносни сили (КБС) во редовна армија со 5.000 војници и 3.000 резервисти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маќедонци: Со ракетите „Џавелин“ го штитиме секој…
Само ден откако косовскиот премиер Албин Курти…
Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…
МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…
По 100 евра за косовските пензионери и…
Косовската влада додели по 100 евра како…
ФБИ ќе го истражува терористичкиот напад на…
Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави…
Турска компанија ќе гради фабрика за дронови…
Властите во Приштина веќе избрале кој ќе…