Објавено на:

Лавови Македонски: Македонија со пресврт до голема победа над Данска за старт на ЕП!

t

Македонската одбојкарска репрезентација со победа од 3-1 над Данска го почна настапот на Европското првенство на кое е домаќин и Македонија. Тргнавме со голем резултат на историскиот настан за нашата земја.

Македонските одбојкари имаа перфектен влез на Европското првенство на кое и ние сме домаќини. Македонија стартуваше со победа над Данска од 3-1 во сетови. Данците беа еден од противниците кои моравме да ги добиеме за да ја одржиме надежта за пласман во следната фаза, мисијата ја исполнивме.

Во првиот дел од првиот сет се играше изедначено, двете репрезентации се менуваа во водство, при предност од 13-12 за Македонија, Данците направија серија од 4-0, се одлепија на три разлика и ја задржаа таквата позитива до самиот крај добивајќи го сетот со 25-22.

Како одминуваше натпреварот македонските одбојкари се ослободуваа од почетничкиот грч и играа полесно. Вториот сет го вративме со иста мера на речиси идентичен начин. Беше 25-22 за нас. Израмнивме на 1-1.

Третиот сет го почнавме доминантно, имавме 6-2, во воведниот период, зголемивме и на 10-5. Данците се обидуваа да се вратат, но македонските одбојкари беа на висина на задачата, не дозволија пад на концентрацијата и убедливо го добивме сетот со 25-19. Го свртевме мечот во наша полза, поведовме со 2-1 во сетови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…