Лавров: Вашингтон се откажа од договорот за Донбас и продолжува со антируска политика
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја обвини администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека одбива да ги спроведе наводните договори постигнати меѓу Москва и Вашингтон за Украина и дека продолжува со политика на економски притисок врз Русија.
Во изјава за руската телевизија БРИКС, Лавров оцени дека, и покрај декларативните најави за „целосна и широка соработка“, САД во пракса водат јасно антируска политика.
Тој тврди дека САД се повлекле од таканаречениот „Договор од Анкориџ“, кој наводно бил постигнат во 2025 година за време на средбата меѓу Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Според Лавров, договорот предвидувал Украина без борба да го предаде регионот Донбас на Русија.
– Тие ни рекоа дека украинското прашање мора да се реши. Во Анкориџ го прифативме американскиот предлог, тие понудија, ние се согласивме, а сега се повлекуваат – изјави Лавров.
Белата куќа досега не го потврди постоењето на ваков договор, а во претходни наврати ги негираше ваквите наводи.
Лавров посочи дека како доказ за спротивното од најавената соработка ги наведува новите санкции и, како што рече, „војната на отворено море“ против руската флота танкери.
– Во пракса, се воведуваат нови санкции и се преземаат акции против нашите танкери – рече рускиот министер.
Русија со години инсистира украинските сили да се повлечат од Донбас и го условува секој мировен договор со таков чекор. Украина, од своја страна, ја отфрла таа можност, иако некои украински претставници изјавија дека би можеле да се разгледаат алтернативни решенија, вклучително и демилитаризирана зона.
Во меѓувреме, САД изнесоа идеи за воспоставување слободна економска зона во делови од регионот разурнат од војната, а според информации, на Киев му било укажано дека безбедносните гаранции ќе следуваат дури по постигнување мировен договор со Русија.
Лавров ја критикуваше и администрацијата на Трамп што не ги укинала законите донесени во време на поранешниот претседател Џо Бајден, со кои беа воведени санкции против Русија по почетокот на војната во 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Вашингтон се откажа од договорот за…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
(Видео) Сејф сити им донесе проблеми на…
Сејф сити им донесе проблеми на приватните…
Обвинителство во Хаг: Целта на обвинетите водачи…
Претставници на Специјализираното обвинителство во Хаг денес…
Сообраќајот по претежно влажни коловози, магла на…
Сообраќајот на државните патишта се одвива во…
„ВМРО спрема враќање на Груевски, Мицкоски е…
„Јавно предупредуваме за опасни политички маневри кои…