Лавров во посета на Турција: Спремни се за слободно движење на суровини преку Црно Море
Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ќе ја посети Турција на 8 јуни.
– Лавров ќе дојде во Турција на 8 јуни со воена делегација за да разговара, меѓу другото, за воспоставување безбедносни коридори за транспорт на жито. Додавајќи дека сака во Истанбул да се формира центар за надзор на коридорот. -вели Чавушоглу
Претседателот на Русија, Владимир Путин по вчерашниот телефонски разговор со шефот на турската држава Реџеп Ердоган изјави дека е подготвен да работи со Турција за слободно движење на суровини преку Црно Море.
Поморскиот сообраќај е отежнат од почетокот на конфликтот во Украина и блокадата наметната од руската морнарица врз украинските пристаништа, како и поради подводните мини, од кои некои се откачија и се приближија до турскиот брег.
Иако Украина е сојузник на кој му испорачува борбени беспилотни летала, Анкара успеа да ги одржи односите со Москва, од која зависи снабдувањето со енергија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Захарова: Русија е подготвена да го реши…
Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…
Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…
Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…
Путин: Русија нема докази дека Иран сака…
Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…