Објавено на:

Лавров ги урна надежите: Воената операција ќе трае и за време на преговорите

t

Русија нема да ја прекине воената операција во Украина за следните рунди мировни преговори, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Руските власти велат дека мировните преговори со Украина не напредуваат толку брзо како што би сакале, и го обвинија Западот дека се обидува да ги попречи преговорите со покренување наводи за воени злосторства против руските војници во Украина, што Москва го негира, пишува Ројтерс.

Говорејќи во интервју за руската државна телевизија, Лавров рече дека не гледа причина да не ги продолжи разговорите со Украина, но инсистираше на тоа дека Москва нема да ја прекине својата воена операција кога страните повторно ќе се состанат.

Лавров рече дека претседателот Владимир Путин наредил да се прекине воената акција за време на првиот круг разговори меѓу руските и украинските преговарачи кон крајот на февруари, но дека позицијата на Москва оттогаш се променила.

„Откако се уверивме дека Украинците не планираат да возвратат, беше донесена одлука дека во текот на следните рунди разговори нема да има пауза (во воената акција) се додека не се постигне конечен договор“, рече Лавров.

Русија испрати десетици илјади војници во Украина на 24 февруари во, како што ја нарече, специјална операција за деградирање на воените способности на јужниот сосед и искоренување на луѓето што ги нарече опасни националисти.

Лавров минатата недела го обвини Киев дека на Москва и предал „неприфатлив“ нацрт мировен договор кој отстапува од договорите што страните претходно ги постигнале. Киев ги отфрли коментарите на Лавров во тоа време како тактика за поткопување на Украина или одвлекување на вниманието од обвинувањата за воени злосторства против руските војници.

Во интервјуто, Лавров, исто така, рече дека повиците на Жосеп Борел, највисокиот дипломат на Европската унија, блокот да продолжи да го вооружува Киев означи „многу сериозен пресврт“ во европската политика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ: Украина има законко право да се…

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…

Се јави Медведев и тоа со закана,…

Русија треба да ја направи својата специјална…

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…