ЛАВРОВ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА! Бугарија го отвори својот воздушен простор!
Бугарија го отвори својот воздушен простор со цел рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да присуствува на состанокот на ОБСЕ во Македонија, соопшти руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова.
„Добивме позитивен одговор на нашата нота за летот на авионот на Лавров над воздушниот простор на Бугарија. Бугарското Министерство за надворешни работи официјално не информираше дека на нашиот министер му е дозволено да лета во воздушниот простор на земјата, рече Митрофанова.
Претходно Владата на Република Македонија донесе одлука да дозволи авионот на рускиот министер за надворешни работи да ја прелета нашата земја за да учествува на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ во Скопје. Воздушниот простор ќе биде отворен од 29 ноември до 1 декември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…
МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…
Република Северна Македонија е силно посветена на…
(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…
Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…