Лавров до Западот: Престанете да се мешате во внатрешните работи на Србија
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави денеска дека Русија го осудува мешањето на други, пред сѐ западни земји, во внатрешните политички процеси на Србија.
На прес-конференцијата по средбата со шефот на српската дипломатија Марко Ѓуриќ во Москва, Лавров истакна дека српското раководство и претседателот Александар Вучиќ имаат поддршка од Русија во нивните напори да спречат дестабилизација на ситуацијата во земјата.
Тој, исто така, рече дека инсистира да се запре со ваквите практики.
„Претседателот Вучиќ презентираше конкретни факти за грубото мешање на странски држави во внатрешно-политичките процеси во Србија. Ја осудуваме оваа практика и инсистираме принципот на немешање во внатрешните работи цврсто да се почитува од сите, а пред сè од нашите западни колеги кои долго време ги градат своите активности користејќи ги т.н. невладини фондови, на сметка на американските нарачки, па сè до државните наредби, со цел да се добие поголемо влијание во нивна корист, игнорирајќи ги фундаменталните интереси на луѓето од тие земји“, рече Лавров.
Тој додаде дека е задоволен од разговорот со министерот Ѓуриќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…