Лавров: Западот го разбра Путин
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров не се сомнева дека Западот ги слушнал и разбрал зборовите на рускиот претседател Владимир Путин за можните испораки на руско оружје во други региони во светот како одговор на испраќањето оружје во Украина.
„Не се сомневам дека слушнале. Не се сомневам дека ќе разбере. Сè уште има луѓе кои знаат да анализираат, а не се занимаваат само со ескалација за да му угодат на нивното радикално гласачко тело пред некоја изборна кампања. Мислам дека разбраа и донесоа заклучоци“, изјави министерот за телевизијата „Русија 24“.
„Тоа е апсолутно, како што велат, симетричен одговор. Ако го вооружите нашиот непријател, тогаш сами ќе одлучиме како да одговориме на вашите непријателски дејствија“, рече тој, коментирајќи го сигналот што Москва го испраќа на Запад.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров истакна дека е лага оти во Украина нема француски инструктори.
„Погледнете како застанаа нашите француски колеги. Премиерот на Франција (Габриел Атал) одеднаш почна да вели дека ние (Франција) немаме инструктори таму. Ова не е вистина. И тие го знаат тоа“, заклучи тој.
Како што рече претседателот Владимир Путин, говорејќи на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, испораката на оружје за Украина подразбира директно учество на западните земји во војната против Русија. Во таква ситуација Москва има право на сличен начин, меѓу другото, да испорачува оружје со долг дострел на земјите под притисок, нагласи претседателот. Според него, тоа нема да се случи утре, но Русија треба да размисли за тоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин: Западот ќе му најде замена на…
Рускиот претседател Владимир Путин смета дека Западот…
Медведев: Русија треба да го претвори животот…
Русија треба силно да одговори на западните…
Лавров: Западот го разбра Путин
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Орбан откри зошто Западот сака воено да…
Западните земји сакаат воено да ја поразат…
(Видео) Јанчев: Ни ЕУ, ни НАТО, ни…
Прво е Македонија, а потоа е сѐ…