,,ЛАВРОВ ИМА АНТИБУГАРСКИ СТАВОВИ”: Габриел изнервирана заминала од Скопје!

t

Не можам да бидам на иста маса со луѓе кои имаат антибугарски и антиевропски манифестации, изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Марија Габриел, коментирајќи го нејзиното заминување од Министерскиот совет ан ОБСЕ во Скопје пред пристигнувањето на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

– Бев во Скопје да изразам почит на претседавачот со ОБСЕ. Покрај тоа, имаше вечера на европските лидери на која секој од нас требаше да каже дека сме таму затоа што не сакаме да ја потпишеме смртта на ОБСЕ. По таа вечера, мислам дека моето присуство таму не требаше да биде физичко, па затоа заминав. Не сакам да присуствувам со претставници на земји кои нè прогласија за непријателски – рече Габриел.

Бугарија, иако претходно соопшти дека дава дозвола за прелет, сепак, не дозволи авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, на пат кон Скопје, да помине низ нејзиниот воздушен простор бидејќи во него се наоѓала и портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

Поради тоа, Лавров во Скопје пристина преку Турција и Грција, а летот траел пет часа.

Официјална Москва ја нарече бугарската забрана „опасната глупост на некој шегаџија во структурите на моќ во Бугарија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…

Нема дно кое Мицкоски не може да…

Путин: Почнува сериското производство на ракетниот систем…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…

Таравари: Разочаран сум што Влен од прекрасен…

На првата годишнина од владата на Мицковски…

Една година власт на ВМРО-ДПМНЕ: Нула резултати,…

Неверојатна е леснотијата со која Мицкоски смета…

Трамп се потсмева со „одмаздата на Иран“:…

Американскиот претседател Доналд Трамп се потсмева на…