Лавров на почетокот на април ќе се сретне со амбасадорите на глобалното мнозинство за да разговара за ситуацијата во Украина
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека на почетокот на април ќе се сретне со амбасадорите на глобалното мнозинство за да разговара за ситуацијата во Украина.
Лавров за рускиот весник „Известија“ рече дека веќе двапати во Москва се сретнал со амбасадорите на глобалното мнозинство во Москва и изјави дека претходната средба била одржана пред два месеци.
„Учесниците го анализираа предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за постигнување мир во Украина“, рече Лавров и нагласи дека преговорите не можат да се засноваат на тој предлог што го промовираат Европа и САД, туку на, како што наведе, сериозна анализа на постојните безбедносни проблеми, увидување на реалноста на теренот и гаранции за легитимните безбедносни интереси на Руската Федерација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со дрон се бара телото на маж…
На 02.01.2025 околу 16 часот во СВР…
Бербок во Дамаск: Една понуда и многу…
Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена…
Божиќно послание на поглаварот на МПЦ-ОА г.г.…
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, поглавар…
Авион кружи над Скопје и не може…
Авио сообраќајот и утрово се соочува со…
Испечатените документи од јавни органи од денеска…
Министер за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информира…