Лавров: Русија бара траен мировен договор што ќе ја гарантира нејзината безбедност
Русија нема интерес за привремено примирје што ќе ја замрзне војната во Украина, туку инсистира на правно обврзувачки мировен договор што ќе ја гарантира нејзината безбедност и безбедноста на нејзините соседи, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Примирјето е пат за никаде, оцени Лавров, додавајќи дека Москва верува дека Западот би го искористил за повторно вооружување на Украина.
Тој додаде дека Москва сака правните документи да бидат составени на таков начин што ќе се обезбеди „неможноста да се прекршат овие договори.
Лавров рече дека новиот сириски лидер ги нарекол односите со Русија „долготрајни“ и „стратешки“ и дека Москва ја споделува таа оценка.
Во понеделникот советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека Русија одржува контакти со новата влада во Сирија, и на дипломатско и на воено ниво.
Лавров, исто така, рече дека Украина повеќепати напаѓала цивилни цели во Русија користејќи западни ракети и беспилотни летала. Москва ќе одговори на овие акции, најави рускиот министер за надворешни работи.
Според него, Русија напаѓа само воени објекти и инфраструктура и „не е во нашите норми да напаѓаме цивилни цели“.
Според Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права, oд почетокот на целосната инвазија на Руската Федерација на Украина во февруари 2022 година до октомври годинава биле убиени 11.973 цивили, вклучувајќи 622 деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Русија бара траен мировен договор што…
Русија нема интерес за привремено примирје што…
Хаарец: Нетанјаху се идентификува со Черчил, но…
Најголемиот израелски дневен весник „Хаарец" објави колумна…
Ревизорскиот извештај утврди бројни системски слабости во…
Отсуството на одредби за утврдување на платите…
Артан Груби нема албански пасош
Артан Груби нема албанско државјанство, изјави за…
Во Бугарија има политичари подготвени да соработуваат…
Во Бугарија има политичари кои – и…