Лавров: Русија е за прекин на огнот во Газа
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретна со амбасадорите на арапските држави и претставник на Лигата на арапските држави и рече дека Москва е посветена на прекин на огнот во Појасот Газа, обезбедување на безбедноста на цивилите и ослободување на заложниците.
Лавров ја потврди принципиелната позиција на Русија за што поскоро прекин на огнот, обезбедување на безбедноста на цивилите, почитување на нормите на меѓународното право, отворање хуманитарни коридори, организирање евакуација од Појасот Газа и ослободување заложници.
Министерот ги информираше амбасадорите за чекорите што ги презема Русија во Советот за безбедност на ОН со цел запирање на крвопролевањето и префрлање на прашањето на полето на дипломатските напори“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија.
На средбата било констатирано дека решавањето на ова прашање е можно само со почитување на принципот „две држави“, односно формирање на независна палестинска држава во границите од 1967 година со главен град во источен Ерусалим, која би функционирала во мир и безбедност со Израел.
Шефовите на дипломатските мисии на арапските држави и претставниците на Лигата на арапските држави ја истакнаа важноста на напорите на Русија за деескалација на ситуацијата и обезбедување хуманитарна помош за населението во Газа.
„Напорите на претседателот на Египет, Абдел Фатих ел-Сиси, да обезбеди хуманитарна помош за жителите на Газа, како и организацијата на самитот во Каиро на 21 октомври, беа високо ценети“, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…
Тој повторно ги истакна нападите на САД…
Медведев: ЕУ е директна закана за Русија
Брисел денес е вистинскиот непријател на Русија,…
Лавров: Часот на судниот ден се приближува,…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
Палестина бара прекинот на огнот да се…
Палестинската самоуправа, со седиште во Рамала, денеска…