Лавров: Русија не сака да ги напаѓа земјите членки на ЕУ
„Русија не сака да ги напаѓа земјите членки на НАТО, како што се тврди на Запад, за да ги заплаши гласачите. Но, ако тие самите сакаат да ги доближат границите на НАТО до нашите граници, тогаш ние, се разбира, нема да го дозволиме тоа, како што тоа го правиме во Украина“. Ова го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за „Спутник“, „Говорит Москва“ и „Комсомолскаја Правда“.
Лавров истакна дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под одредени услови, а овој став го делат и други високи претставници на државниот врв во Москва.
„За време на можните преговори, нема да има прекин на огнот, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев ќе мора да се откаже од својата формула за мир“, рече Лавров.
Во есента 2022 година, Зеленски подготви мировна формула од 10 точки, која вклучуваше повлекување на руските трупи, обновување на границите на Украина, исплата на репарации, гонење на воените злосторници итн., потсетува ДПА.
По повеќе од две години интензивни борби во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска повторно ги искажа тврдењата на Москва дека има право да владее со соседната земја, јави ДПА.
„Не знам што ќе се случи со Западна Украина“, рече Лавров во интервјуто. „Многу политичари го изразуваат своето мислење за ова прашање. Но Украина, која по потекло е руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува и да ги воспитува своите деца на руски, која сака да положи цвеќе на спомениците на оние кои кој пролеа крв за оваа земја и во Руската империја и за време на Советскиот Сојуз во Големата патриотска војна – за ова, според мене, не се разговара“, додаде рускиот министер за надворешни работи, цитиран од ТАСС.
Според 74-годишниот Лавров, кој е на чело на руското Министерство за надворешни работи од 2004 година и е цврст поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин, не станува збор за каква било алтернатива, забележува ДПА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…
По упатеното барање за помош од Македонија,…