Лавров: Се надевам дека сериозните политичари во светот ќе го читаат говорот на Путин од ,,А до Ш”

t

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска, по потпишувањето на договорот за обединување на Доњецката и Луганската народна република, Запорожје и Керсон со Русија, дека многу се надева оти сериозните политичари во светот ќе го прочитаат говорот на рускиот претседател Владимир Путин. од „А“ до „Ш“, затоа што ќе им разјасни многу работи.

„Многу се надевам дека сериозните политичари во светот ќе го читаат говорот на Путин од А до Ш. Многу работи треба да им станат апсолутно јасни“, рече Лавров.

Според него, говорот на Путин е невозможно да се игнорира, а Министерството за надворешни работи на Русија им наложило на руските амбасадори во странство да го објавуваат секаде каде што е можно, вклучително и Обединетите нации.

„Потребно е сериозно да се сфати реченицата на Путин дека колку повеќе Киев ги отфрла преговорите, толку потешко ќе биде да се постигне договор“, нагласи Лавров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…