Лажната закана за бомба напишана нејасно, налик на превод од „гугл транслејт“, информираат од охридското училиште
Наставата во средното стручно училиште „Свети Наум Охридски“ во Охрид ќе продолжи да се одвива нормално во втората смена, по направените проверки од специјалните тимови на Министерството за вантрешни работи и потврдата дека се работи за лажна дојава за поставена експлозивна направа, информира за МИА директорот Сашо Недески.
Тој посочи дека утрово на службениот мејл на училиштето стигнала порака со содржина дека има експлозивна направа, напишана нејасно, односно како да е преведена од гугл транслејт.
– Веднаш го известив Министерството за внатрешни работи и дојдоа нивни припадници ни дадоа упатство да се евакуира училиштето според сите протоколи. Учениците беа запознаени со начинот на евакуација, бидејќи имавме вежба за евкаукација од елементарна непогода и за кратко време беше евакуирано цело училиште – појасни Недески.
Поради дојавата за експлозивна направа наставата била прекината, но по направените проверки вработените се враќале на своите работни места и втората смена ќе продолжи нормално да функционира.
– По направените проверки од специјалните тимови беше утврдено дека дојавата е лажна не е пронајдена никаква експлозивна направа. Наставата беше прекината, но по потврдата дека училиштето е безбедно и нема простор за паника, втората смена ќе почне во 13 часот и 30 минути и нормално ќе си функционира – рече Недески.
Ова е прва дојава за бомба во охридско училиште, но по направените потребни проверки утврдено е дека станува збор за лажна дојава.
– Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава дека на електронската адреса на едно училиште во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа – соопшти МВР.
Од МВР наведуваат дека веднаш по добиената пријава полициски службеници презеле мерки за безбедно евакуирање на објектот, а потоа се извршени детални антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…
Власта бесрамно се фали со донациите на…
Левица ја оценува како крајно дрска и…