Лажни наративи, поделби, Македонци, Албанци… Ние не протестираме само против системот, протестираме против начинот на размислување на овие ботови!

t

Ние не протестираме само против системот. Протестираме против начинот на размислување на овие ботови, пишува на Фејсбук Леутрим Биљали.

Во продолжение објавата на Фејсбук:

– Седам надвор, пушам цигара, кога ми приоѓа еден колега.

X: Брат, како си?

Јас: Добро сум, брат. Ти како си? Како оди?

X: Фино, брат.

И тука почнува вистинскиот разговор.

Јас: Ќе дојдеш вечер на протест?

X: Брат, нема шанси. Што е поента? Ништо нема да се смени. А и да бидам искрен, Албанците се виновни за сите овие проблеми. Тие ја корумпираа државата.

Во моментот кога ја заврши реченицата, си помислив: Каков испран мозок. (Ова ми е можеби втор или трет пат што зборувам со типов.)

Јас: Брат, те молам објасни.

И ете го целиот ВМРО наратив. Лажни лиценци, корупција, бла бла. Веднаш сфатив дека разговорот може да оди во два правци.

Јас: Знаеш дека јас сум Албанец?

Тишина. Долга, драматична тишина.

Јас: Всушност, јас сум хибрид. Мајка ми е Македонка, татко ми Албанец.

X: Брат, ти си од добрите! Те памтам од бојкотот за време на пандемијата, кога се координиравме на состаноци.

Го прекинав.

Јас: Јас можеби сум ‘еден од добрите’, но ти, дефинитивно, си на страната против која протестираме.

Ние не протестираме само против системот. Протестираме против начинот на размислување на овие ботови.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ