Објавено на:

Лазаревски: Мислам дека победата над Гвинеја нема да ни биде последна на СП

t

Македонската ракометна репрезентација ја победи Гвинеја со 29-20 и си го осигура местото во втората фаза на Светското првенство. 

На средбата со новинарите по натпреварот својот став го изнесе кружниот напаѓач Милан Лазаревски, кој кажа: 

„Дефинитивно добро ни дојде оваа победа за да се крене моралот и духот на тимот. Можеби оваа победа не е толку убедлива колку што луѓето имаа претстава дека ќе биде, или ние имавме претстава дека ќе биде. Целиот меч и тек на мечот беше резултат на емотивната истрошеност од претходните два дуели кои можеа да имаат позитивен исход за нас доколку некои работи ни се поклопеа. Како и да е, целта е остварена, според мое скромно мислење нема да застанеме тука со победите. Мислам дека оваа победа со Гвинеја нема да е последна за нас на ова Светско првенство. Имаме информации дека нашите следни ривали не се во целосни состави, како Австрија и Катар, така што и тоа како гледаме шанси. Франција си е Франција, тој меч може да го искористиме за уживање. Атмосферата во Вараждин беше како да играме бараж со Фарски острови. Нашите навивачи ни дадоа голем елан, немаше да играме на ова ниво ако не беа тие“, рече репрезентативецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украден златниот медал на Пиоли, моли да…

На тренерот на Милан, Стефано Пиоли му…

Шоу на Ибрахимовиќ: Го прослави трофејот со…

Милан конечно го прекина долгиот пост и…

ШОУ: Ибрахимовиќ ја „запали“ атмосферата и го…

Голем број навивачи на Милан се појавија…

Кирил Лазаров и Филип Миркуловски ќе го…

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил…