Лазаров верува во изненадување со Норвешка

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, пред вечерашниот дуел со големиот фаворит Норвешка, рече дека во спортот се случуваат изненадувања и побара поддршка за „црвено-жолтите“ без разлика на конечниот резултат.
– Во спортот секогаш треба да веруваш во нешто невозможно. Ние сме во ситуација да нема што да изгубиме, а да можеме многу да добиеме од дуелот со Норвешка. Нема да калкулираме и од почетокот ќе тргнеме ако ни се отвори можност да одиграме егал. Во спротивно може да размислуваме некои работи за следните противници. Оваа репрезентација направи многу со поминување на квалитетни противници во баражите. Што и да се случи вечерва треба да го задржиме нашиот пат. Имаме седум дебитанти на ова Светско првенство. Подмладената репрезентација заслужува поддршка, истакна Лазаров.
Да ги бодриме заедно нашите момви вечерва во 20.30 часот!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…