Објавено на:

Лазаров емотивно: Ова е мојот последен натпревар за репрезентацијата, се надевам ќе биде среќен крај

t

Македонската ракометна репрезентација за помалку од петнаесетина минути во Скопје, ја пречекува селекцијата на Чешка во реванш натпреварот, кој ќе одлучи кој ќе биде патник на СП2023 година.

Ова всушност ќе биде и последен меч во репрезентацијата за актуелниот селектор Кире Лазаров.

Самиот капитен и селектор најави дека ќе вложат максимални напори за да обезбедат триумф и да обезбедат Светско првенство, со што достојно би се простил од публиката.

„Со предноста на домашен терен од 7.000 навивачи, имаме шанси за добар резултат, се надевам ќе го постигнеме тоа. Ќе биде емотивно, ова е мојот последен натпревар за репрезентацијата, се надевам ќе имаме среќен крај“, беше коментарот на Лазаров пред овој натпревар.

Публиката сигурно ќе биде на висина на задачата, па ако Лазаров се одјавува веќе денес, тоа треба да биде во вистински стил, пеколно за противникот и емотивно за нашиот народ и публика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лазаров ги пофали ракометарите: Многу сум среќен…

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров,…

Украина распиша потерница по рускиот патријарх Кирил

Министерството за внатрешни работи на Украина објави…

Патријархот на РПЦ Кирил „Злото“ ѝ се…

Не може да има „пасивен став“ кога…

Лазаров го изигра својот последен натпревар

Кире Лазаров го одигра својот последен меч…

Лазаров објави крај на кариерата

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил…