Лазаров: Естонија сериозно нѐ предупреди – ние можеме и мораме подобро!
Македонските ракометни репрезентативци вечерва на „мускули“ ја совладаа Естонија (37-33) на почетокот на квалификациите за Европското првенство (ЕП), а селекторот Кире Лазаров кажа дека не очекувал толку голем отпор од противникот.
Лазаров повика на претпазливост пред натпреварот, но и покрај тоа Естонија успеа да ни даде дури 33 голови, меѓутоа Македонија во завршницата го скрши гостинот за прв триумф.
Сите сакаме победа, меѓутоа мора да се работи напорно за тоа. Повикав на претпазливост пред натпреварот, но не очекувам дека толку тешко ќе ги освоиме бодовите. Овој меч ни покажа дека мора да имаме почит кон сите ривали. Естонија одигра модерен ракомет, а ние можеме и мораме подобро. Ова е предупредување пред средбата со Литванија – кажа Лазаров.
Селекторот посочи дека ќе се подготват подобро за гостувањето кај Литванија со цел да избегнат драма како во вечерашниот меч со Естонија.
Ова е предупредување пред мечот со Литванија. Се подготвивме и за Естонија, имавме детални анализи, но едно е на хартија, а друго е на теренот. Мора сите да разберат дека дресот на националниот тим тежи многу и убаво е да се игра пред домашна публика, но мора да бидеме подобри. Треба да се подготвиме подобро за средбата со Литванија и да одиме на нова победа – посочи македонскиот селектор.
Македонија ѝ гостува на Литванија на 10 ноември од 17 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одделот за внатрешна контрола не утврди вина…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска…
Франција и Германија ќе бидат домаќини на…
Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави дека Франција…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…