Лазаров по ждрепката за на ЕП: Добивме екстремно тешка група но да не губиме надеж
Македонската ракометна репрезентација денес ги доби противниците во групата „А“ за Европското првенство во 2024 година. Македонија падна во таканаречената пеколна група заедно со Германија и Франција, последната селекција е Швајцарија.
Селекторот Кирил Лазаров е свесен за тоа во каква група ќе мора да игра нашата репрезентација, меѓутоа порачува дека не смееме да се откажеме предвреме, а тој очекува напорната работа во јануари да се види на дело.
„Добиме екстремно тешка група и ќе работиме напорно да го подигнеме нашето ниво во наредниот период, да можеме барем достојно да се бориме со светските велесили во ракометот. Би звучело нескромно да се биде оптимист во ваква група, но надежта не смее да се загуби. Потребна е голема жртва и посветеност, создаваме нова компетитивна смена на генерации. Верувам во момците и очекувам да дојдат резултати од нашата работа“, изјави Лазаров.
Првиот натпревар на Европското првенство, Македонија ќе го игра на 10-ти јануари против Франција, четири дена подоцна следи натпреварот со домаќинот Германија, за во третото коло од групната фаза да се сретнеме со Швајцарија на 16-ти јануари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…