Лазаров: Целта е исполнета

t

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров даде првична оценка за настапот на „црвено-жолтите“ во првата фаза на 29. Светско првенство.

– Треба да сме задоволни. Со пласманот во Главната фаза ја исполнивме првичната цел. Можевме многу подобро вечерва, но најважно е што победивме. Драгоцено е и искуството што го стекнуваат младите. Имавме 20-ина промашени удари од кои многу зицери. Со поквалитетен противник не смееме да си дозволиме таков луксуз. Добро е што ги поштедивме Митревски, Пешевски, Митев. Допрва ни доаѓаат тешки борби, ни треба енергија. Одиме да се одмориме и да се подготвуваме за Австрија во вторник. Благодарност за големата поддршка од македонските навивачи кои се овде, но и од цела Македонија – истакна Лазаров.

Во Главната рунда Македонија ќе игра против репрезентациите на Франција, Австрија и Катар.

Според распоредот, следниот натпревар Македонците ќе го играат на 21 јануари исто така во Вараждин, со голема веројатност против Австрија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција и Германија ќе бидат домаќини на…

Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави дека Франција…

Лазаров ги пофали ракометарите: Многу сум среќен…

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров,…

Македонските ракометари се преселија во Берлин пред…

Македонските ракометари вчера загубија од Франција со…

Пораз на стартот на ЕП: Македонија изгуби…

Ракометната репрезентација на Македонија во натпреварот кој го одбележа…

Македонските ракометари одиграа нерешено со Грција

Македонската машка ракометна репрезентација ремизираше вечерва против…