Лани во Македонија 604 предвремено родени бебиња, годинава до овој период 681

t

Лани во државата имало вкупно 604 предвремено родени бебиња, а оваа година 681. Со цел превенирање на предвремена бременост, во Клиниката за гинекологија и акушерство од крајот на оваа година ќе почне пилот студија за бесплатна скрининг програма за детектирање на пациентки кои што би развиле прееклампсија, а исто така пуштен е во употреба и интраклинички транспортен респираторен апарат за вентилација, информираше директорка на оваа Клиника, проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев. По повод Светскиот ден на предвремено родените бебиња – 17 Ноември, посочи дека постојат повеќе ризик фактори за предвремено породување, меѓу кои е и загадениот воздух.Од петокот, пуштен во употреба интраклинички транспортен респираторен апарат за вентилација, бидејќи почетокот е многу важен кај новороденчињата. Затоа, искористувањето на првиот или така наречен „златен час“, односно стабилизација на новороденчињата е нешто што е најважно.

„Од крајот на оваа година, да се почне со една пилот студија за бесплатна скрининг програма за детектирање на овие пациентки кои што би развиле прееклампсија. Тоа значи дека сите трудници ќе можат да бидат испратени на Клиниката, каде што ќе биде навремено детектирано дали има ризик за појава на преекламспија“, рече Алексиоска-Папестиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лани во Македонија 604 предвремено родени бебиња,…

Лани во државата имало вкупно 604 предвремено…

Северна Кореја би можела да испрати до…

Северна Кореја би можела да испрати до…

Турчин збеснал во казино во Центар, еве…

На 17.11.2024 во 03:00 часот, полициски службеници…

Шолц: Нема да се носи одлука за…

Германскиот канцелар Олаф Шолц, критикуван за неговиот…

Притвор за поранешниот хрватски министер за здравство…

Хрватската полиција го уапси, сега веќе поранешниот…